Гвардиола: Се убиваме сите меѓу себе, а не знаеме зошто

Менаџерот на Манчестер сити пред реваншот со Њукасл во англискиот Лига куп имаше прес-конференција на која збореше за се освен за фудбал.

На каталонскиот стратег не му се допаѓаат геополитичките случувања во светот и големиот број конфликти во кои луѓе се убиваат меѓу себе.

„Се убиваме едни со други, а за што? За што? Никогаш во историјата на човештвото не сме можеле толку јасно да ги видиме сите информации со сопствени очи. Геноцидот во Палестина, она што се случува во Украина, она што се случува во Русија, сè што се случува ширум светот, во Судан, насекаде.

Што се случува пред нашите очи? Дали сакаме да го видиме? Дали тоа е проблем на сите нас како човечки суштества? Тоа е наш проблем, само наш. Мене тоа ме боли. Ако имаш идеја што треба да ја браниш така што ќе убиваш илјадници и илјадници невини луѓе… Жал ми е, но јас секогаш ќе станам против тоа, секогаш.

Светот е подобар од кога било, во смисла на можности – можеме да одиме на Месечината, можеме да направиме што било. А ние сè уште се убиваме едни со други? За што? Ги гледам тие слики. И ме боли, навистина боли. Затоа ќе користам секој начин да помогнам. Ако тоа е да зборувам, можеби нема да сменам ништо, но ќе се обидувам. Ќе бидам тука.

Се вчитува...