На поранешниот тренер на Барселона, Баерн Минхен и Манчестер сити, Хосеп Гвардиола, нема следна станица во кариерата да му биде Турција.
Неодамна се појавија шпекулации дека Трабзонспор кој летово направи бум на трансфер-пазарот со потписот со Мохамед Салах, сака на местото на Фатих Теке, да го ангажира Гвардиола, кој по завршување на минатата сезона ја напушти клупата на Манчестер сити.
Наводно, понудата на турскиот тим била годишна плата од 13 милиони евра по сезона.
Сега, агентот на Гвардиола, одлучи да стави крај на сите шпекулации.
„Ова сезона, Пеп нема да тренира ниту еден клуб или репрезентација“, изјави агентот на Гвардиола за шпански „Ас“.
Нов фаворит да седне на клупата на Трабзонспор е поранешниот капитен на Ливерпул, Стивен Џерард.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
