Гвардиола: Сето тоа што го работевме последните пет години сега има смисла

Манчестер сити со победата од 2-0 на домашен терен против Пари Сен Жермен го потврди своето учество во финалето од Лигата на шампионите. Тренерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола вели дека конечно целиот проект на „Етихад“ има смисла.

„Ова е неверојатно. Луѓето мислат дека е лесно да се влезе во финале на ЛШ. Конечно сето тоа што го правевме во последните пет години сега има смисла“, вели Гвардиола. 

Во финалето Манчестер сити за противник го чека победникот од дуелот меѓу Челси и Реал Мадрид. Првиот натпревар одигран во Мадрид заврши без победник 1-1.

Се вчитува...