Гвардиола: Шест тима потрошија повеќе од нас последните пет години и требаше да освојат сè

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, се пошегува дека е фрустриран што клубот не троши доволно за трансфери. Сити овој месец ги потпиша Антоан Семењо и Марк Геје , со што вкупната потрошувачка за нови играчи достигна 450 милиони фунти во изминатата година.

Гвардиола, сепак, нагласи дека Сити е седми во Премиер лигата по нето потрошувачка во последните пет години и дека би сакал да биде прв.

„Малку сум вознемирен затоа што според нето потрошувачка ние сме на седмото место. Не разбирам зошто клубот не троши повеќе пари и лут сум. Победувавме во минатото затоа што трошевме многу, а сега шест тима ќе мора да ја освојат Премиер-лигата, Лигата на шампионите и ФА Купот, затоа што потрошија повеќе од нас во последните епт години“, изјави саркастично Гвардиола.

 

Се вчитува...