Гвардиола шокиран од тоа колку Реал бара за Матео Ковачиќ

Манчестер сити е сериозно заинтересиран за ангажман на Матео Ковачиќ, но шансите хрватскиот репрезентативец да оди кај Пеп Гвардиола се се помали.

„Скај спортс“ јавува дека англискиот шампион останал во неверување кога дознал колку Реал Мадрид бара пари за Ковачиќ. Сумата е дури 90 милиони евра!

Ковачиќ, кој јавно порача дека сака да замине од Реал во потрага по поголема минутажа, беше втор избор на Сити но стана и прв откако најголемата желба на Гвардиола, Жоргињо потпиша за Челси.

Сепак, Сити сигурно нема со сите сили да „гризе“ по Ковачиќ посебно и поради тоа што е во проблеми со финансискиот фер-плеј по доведувањето на Марез од Лестер. Манчестер сити е подготвен на Реал за Хрватот да му исплати 60 милиони евра, со што и во тој случај би станал најскап хрватски фудбалер во историјата.

Се вчитува...