Гвардиола: Силва е рецептот за победа, тој е хируршки прецизен

Фудбалерите на Манчестер Сити синоќа го совладаа ПСЖ на домашен терен во петтата рунда во групната фаза во Лигата на шампионите а нивниот тренер, Пеп Гвардиола, вели дека Бернардо Силва имал големо влијание за освоените бодови.

Каталонецот не штедеше комплименти за својот играч, па потенцираше дека станува збор за неверојатен фудбалер.

„Една од причините за победата е играта на Бернардо. Силва е неверојатен, одигра победничка улога на овој дуел. Тој е хируршки прецизен и постојано одржува вистинско темпо, а тоа му овозможува да проигрува во перфектен момент овозможувајќи им на соиграчите да постигнат гол“, заклучи Гвардиола.

Се вчитува...