Гвардиола: Со смешна топка се игра во Карабао купот

Манчестер сити едвај го прескокна второлигашот Вулверхемптон во Карабао купот, победувајќи дури на пенали, откако по 120 минути мечот заврши без голови, а менаџерот Пеп Гвардиола го пронајде „виновникот“ во топката. Тој вели дека таа не е достојна за такво важно натпреварување.

„Не е прифатливо, едно важно натпреварување да се игра со таква топка. Таа е премногу лесна, едноставно аматерска топка. Невозможно е да се постигне гол со таа топка. Ова го велам затоа што сепак победивме на пенали, доколку загубевме, ќе молчев, затоа што не сакам ова да звучи како алиби. Жал ми е Карабао куп, но ова не е топка достојна за вакво сериозно натпреварување“, потенцираше менаџерот на „граѓаните“.

Топката за ова натпреварување е од спортската компанија „Митре“ и е сосема поинаква од онаа со која се игра во Премиер – лигата.

Се вчитува...