Гвардиола: Тој што ќе помисли дека е готово, нема да игра

Манчестер сити во моментов има 12 бода предност во однос на второпласираниот Манчестер јунајтед во Премиерлигата, во трката за шампионската титула.

Со одлична форма и низа од 20 врзани победи Сити делува навистина неранливо, поради што многумина веќе тврдат дека трката за титула е завршена во полза на составот на Пеп Гвардиола.

Но, Пеп не сака ниту да слушне за тоа, нагласувајќи дека ако само почувствува дека некој од неговите фудбалери мисли така, тогаш нема да игра…

„Секогаш може и подобро, а тоа е нашата цел. Почувствувам ли дека некој помислил дека е готово, тој сигурно нема да игра. Интуитивен сум. Точно знам кога момците не се подготвени да продолжат со тоа што треба да направат. За да стигнеме до целта, мора уште девет или десет натпревари добро да ги одработиме. А тоа воопшто не е малку“ – вели Гвардиола.

Се вчитува...