Гвардиола: Во Дортмунд ќе биде вистинска „војна“

Манчестер сити синоќа на домашен терен славеше со 2-1 против Борусија Дортмунд во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите.

Избраниците на Пеп Гвардиола се стекнаа со предност во самиот финиш, но свесни дека тоа е премалку за мирен реванш во Дортмунд.

„Прво што сакам да кажам е дека ќе одиме во Дортмунд по победа. Во првиот дел не се снајдовме најдобро, но во второто полувреме ситуацијата се поправи“ – истакна Гвардиола притоа дополнувајќи:

„Борусија е типичен клуб за Лигата на шампионите. Во ова натпреварување учествуваат долги години и знаат што треба да направат во секој момент. Знам дека во Дортмунд ќе биде вистинска ‘војна’“.

Се вчитува...