Гвардиола во судир со новинарите: Колку натпревари на Лајпциг сте гледале?

Манчестер сити ремизираше (1-1) на првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите со германски Лајпциг.

По мечот, Пеп Гвардиола беше притиснат од медиумите дека не смее да биде задоволен од оваа игра и резултат на неговиот тим што наиде на револт кај менаџерот на Сити.

„Да, може да бидам задоволен. Што мислевте вие, дека ова ќе биде пријателска средба? Колку натпревари на Лајпциг сте гледале? Мислевте дека ќе дојдеме тука и ќе победиме со 5-0? Не е тоа реално. Жал ми е, ние тоа не го можеме. Имавме добри можности во двете полувремиња, не само во првото, и затоа може комплетно да бидам задоволен“ – се впушти Гвардиола во разговорот со новинарот на БТ Спортс по натпреварот.

Се вчитува...