Гвардиола: Залудно некои се надеваат, Сити нема да биде исфрлен од Европа

Германски „Шпигл“ минатата недела изнесе наводи за кршење на финансискиот фер-плеј од страна на Манчестер сити. Од англискиот клуб истакнаа дека тоа е „организиран обид да се оклевети клубо“ отфрлајќи ги сите наводи.

„Шпигл“ тврди дека Сити ги користел личните пари на сопственикот, Шеикот Мансур, за да ги „надува“ спонзорските договори користејќи трета страна. Според наводите на германскиот медиуми, поради кршење на правилата Сити би можел да биде исфрлен и од натпреварувањата под капата на УЕФА.

„Нема да бидеме исфрлени, не. Претседателот и директорот ми ја објаснија целата ситуација и јас им верувам. Ако тоа се случи, затоа што УЕФА така одлучила, ќе прифатиме и ќе продолжиме понатаму. Но, залудно некои се надеваат, тоа нема да се случи“ – истакна на оваа тема и менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола.

Сити веќе беше казнет во 2014 година со 50 милиони евра, но УЕФА три години подоцна му врати 37 милиони евра затоа што ги исполни условите поради кои беше казнет.

Се вчитува...