Гвардиола жестоко против Суперлигата, Манчестер Сити му ја прекина прес-конференцијата

Пеп Гвардиола денеска се најде во центарот на вниманието на фудбалската јавност откако гласно проговори против идејата за создавање на Суперлига, чиј дел ќе биде и неговиот клуб Манчестер Сити.

Трофејниот стручњак говореше искрено, давајќи го своето мислење, за прес-службата на Манчестер Сити скандалозно да ја прекине прес-конференцијата не дозволувајќи повеќе прашања на оваа тема.

„Тоа не е спорт, ако резултатите во тоа натпреварување не значат ништо, ако настапот е загарантиран на клубовите и нема врска доколку ги загубиш сите натпревари. Не е фер некој клуб напорно да работи, да се бори за да стигне до врвот, а не може да влезе во таа лига бидејќи е резервирана за некои други екипи. Како е можно во таа лига да го нема Ајакс, клуб со четири европски прваци. Јасно ми е, јас сум само тренер, ова е одлука на раководството на клубот, но јас сепак имам право на свое мислење и гласно го кажувам. Сите се виновни, клубовите, но исто така и УЕФА, која не покажа доволно слух во комуникацијата“, изјави Гвардиола, пред прес-конференцијата да биде прекината.

Се вчитува...