Гвардиола: Живееме во ерата на фудбалските феномени, Меси и Роналдо

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола смета дека живееме во период на фудбалски генијалци како Лео Меси и Кристијано Роналдо и дека можеме да уживаме во нивното големо ривалство, прилика  што ја нема често во светот на фудбалот. Ривалитетот меѓу Португалецот и Аргентинецот трае уште од 2007 година кога Рикардо Кака ја освои „Златната топка“. Од таа година Меси и Роналдо освоија по пет „златни топки“.

„Лео како натпреварувач е вистинско животно, не поднесува порази. Тоа им помага и на неговите соиграчи кои го следат. Уште како дете се лутеше на поразите. Во големи натпревари, ако колегите му помагаат, во состoјба е да направи разлика“ – вели Гвардиола.

Пред извесно време се појавија тврдење дека Манчестер Сити во неколку наврати се обидувал да го доведе Меси на „Итихад“ и дека наводо за тоа  му била понудена трипати поголема плата од таа во Барселона.

„Со Меси и со Роналдо живееме во ера да фудбалски феномени. Скоро десет години играа во иста лига, постигнуваа по 50 гола во сезона. Тоа е неверојатен податок. И не се работи за една, туку за 10 години“ – објаснува Гвардиола.

 

 

 

 

 

Се вчитува...