Прославениот УФЦ борец, Хабиб Нурмагомедов вчера беше на трибините во Париз да ја гледа „епската“ пресметка меѓу ПСЖ и Ливерпул во Лигата на шампионите. Тој е фан на Ливерпул и посебно го почитува Мохамед Салах.
На дуелот во Париз, ПСЖ победи со 2-1, а Хабиб освен добар фудбал и три гола само во првото полувреме, можеше да види и неколку боречки потези во изведба на фудбалерите.
Од ПСЖ после натпреварот се жалеа на грубата игра на Англичаните, со забелешка дека нивните фудбалери, посебно Нејмар често лежел на терен „нокаутиран“ од играчите на Ливерпул.
Јирген Клоп во свој стил одговори на критиките, а светските медиуми се пошегуваа дека фудбалерите на Ливерпул ги понел фактот дека од трибините ги гледа УФЦ шампионот Хабиб Нумахомедов, па се обиделе да му покажат и по некој потег од неговиот репертоар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА