Хабиб испрати сериозен ултиматум до УФЦ и претседателот Вајт

Се чини дека Дана Вајт уште еднаш ја излажа јавноста со информацијата дека се договорил со Хабиб Нурмагамедов да остане во најсилната боречка организација.

Хабиб по победата против Конор Мекгрегор и хаосот кој следеше потоа се закани со заминување ако УФЦ го отпушти неговиот пријател Зубаир Тухугов кој исто така учествуваше во тепачката по мечот со Конор.

„Крајно сериозен сум околу тоа, може да ви потврдам“ – порача Хабиб демантирајќи го Вајт, кој истакна дека рускиот борец е среќен и дека сигурно останува во УФЦ.

УФЦ веднаш по хаосот во Лас Вегас порача дека Тухугов ќе добие отказ…

„Јас си ги кажав сите мои барања кон УФЦ… Може ли да го замислете ова? Одите во војна и тогаш човекот кој бил со вас, страда во тој процес. Сте победиле во војната, но не може да си одите дома и да спиете мирно затоа човекот со кого сте војувале и натаму е во сериозни проблеми. Тоа не е начин на кој јас функционира, затоа што честа ми е најважна. Кажав и претходно ако Зубаир си оди, заминувам и јас од УФЦ. И нема што повеќе околу тоа да разговарам. Вие го казнувате мојот пријател, а сакате да преговарате со мене. Нема преговори“ – вели Нурмагамедов.

Се вчитува...