Хабиб: Ќе одам и во затвор, но си го заслужив појасот…

Хабиб Нурмагомедов го растури Конор МекГрегор во нивната битка во октагонот во Лас Вегас, но веднаш по борбата тој ја прескокна оградата и тргна да се пресметува со член на тимот на својот противник. Во хаосот се вклучија членовите на тимовите на двата борци, па се најавува дека како дел од казната Хабиб ќе остане без два милиони долари, како и без појасот што му следи за триумфот над актуелниот шампион.

Тој јасно стави до знаење дека таквата казна не би била соодветна бидејќи борбата во рингот е кристално чиста, порачувајќи дека е подготвен да преземе одговорност за сите останати дејствија.

„Појасот е нешто што го заслужив со борбата и победата. Ако треба да одговарам за случките потоа, ќе го сторам тоа, ако треба ќе одам и во затвор, но дајте ми го појасот што го заслужувам. Свесен сум дека ова не беше мојата позитивна страна, но треба да се разбере дека и јас сум човечко суштество. Не разбирам како сите мене ме критикуваат бидејќи го прескокнав рингот, но тој човек ја наведуваше мојата религија, мојата земја, мојот народ, мојот татко… А кога дојдоа во Бруклин и ги кршеа стаклата од мојот автобус, кога за малку не убија неколку луѓе, тогаш сите молчеа? Каква беше таа глупост во споредба со оваа“ – истакна Нурмагедов.

Се вчитува...