Хабиб во хумана мисија – за помош на децата во Нигерија

Хабиб Нурмагомедов се прослави со големата победа во борбата против Конор Мекгрегор, но рускиот УФЦ-борец ја покажува и својата човечка величина, користејќи ги моментите на слава за да им помогне на оние на кои помошта им е најпотребна.

Така, Хабиб и негови блиски пријатели последните денови ги минаа во Нигерија, каде работи на неколку проекти за помош на децата во оваа африканска земја.

„Приоритет на Нурмагомедов е изградба на медицински центар, како и поправка на бунарите за вода во неколку села во регионот“ – јавуваат руските медиуми.

Едно е сигурно, одлично е кога врвни светски познати спортисти укажуваат на проблеми во различни делови од светот, помагајќи и во нивното решавање.

Се вчитува...