Хадерсфилд по пенал – рулет влезе во Премиер – лигата

Хадерсфилд таун е последниот патник за Премиер – лигата во следната сезона, откако во драматичен плејоф дуел со Ридинг, по изведување пенали (4-3) успеа да го оствари најголемиот успех во историјата на клубот. Овој тим им се придружува на Брајтон и на Њукасл, кои директно, според пласманот во Чемпионшип, се пласираа во елитното англиско фудбалско друштво.

По 120 минути немаше голови на „Вембли“ во ’дуелот за 170 милиони фунти’, како што го нарекуваат Англичаните финалниот дуел од плејофот за пополнување на Премиер – лигата. Потоа се прејде на изведување пенали, и први не реализираа фудбалерите на Хадерсфилд. Голманот на Ридинг, Ал Хабси, го одбрани ударот на Хебеле во втората серија. Но, сепак, фудбалерите на Хадесрфилд не се предадоа. Продолжија со прецизни удари од 11 метри, а Ридинг не ги реализираше пеналите во четвртата и во петтата серија. Малерозни за тимот на Јап Стам беа Мор и Обита.

Се вчитува...