Хаџиевски, за кого Емирејтс е 19-ти клуб во кариерата, се враќа во ОАЕ откако претходно го водеше и тимот на Ал Дарфа. Минатата година беше и спортски директор и на неколку натпревар тренер на Беласица, но по кратката авантура се раздели со струмичани по што беше без ангажман.
Ѓоко Хаџиевски претходно во својата кариера беше тренер и на Пелистер, Вардар, Силекс во Македонија, како и ЦСКА Софија, Војводина, Џубило Ивата, Касторија, Докса, Баку, Атримитос, Најран, Ал Таевон, Хата…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА