Хајдари обезбеди медал, Вејсели на чекор до него на МИ во Таранто

Одлични вести ни доаѓаат од Таранто откако Македонија го обезбеди првиот медал на Медитеранските игри во Таранто.

Во борење слободен стил македонскиот репрезентативец Реџеп Хајдари се пласираше во полуфиналето во категоријата до 97 килограми. Тој групната фаза ја заврши со една победа и еден пораз што беше доволно за пласман меѓу четирите најдобри. Хајдари во полуфиналето за противник ќе го има Французинот Адлан Вишканов.

До полуфинале стигна и Фати Вејсели во категоријата до 74 килограми, но тој се уште нема обезбедено медал. Тој во полуфиналето ќе се сретне со Јасин Јесил од Турција, но доколку загуби ќе мора преку репасажот да се бори за медал.

Преостанатите македонски борачи: Могамедгаџи Нуров, Мехмет Усинов не успеаја да стигнат до борбите за медал на игрите во Таранто, додека Бесар Алили и Ахмад Магемедов чекаат дали ќе се пласираат во репасажот.

Се вчитува...