Хајдук доведе две екстра-засилувања во ист ден

Динамо Загреб останува апсолутен фаворит за титулата во хрватското првенство, но Хајдук со последните потези на пазарот покажува дека нема намера да се откаже без борба откако сплитскиот клуб успеа да договори две одлични засилувања пред крајот на преодниот рок.

Првиот е Леандер Дендонкер, 31-годишниот белгиски интернационалец кој потпиша договор на две години со сплитските „бели“. Тој настапува како последен играч за врска, најдефицитарната позиција во редовите на Хајдук, доаѓа од редовите на Овиедо, а во својата богата кариера има настапувано и за Андерлехт, Вулверхемптон, Астон Вила и Наполи.

Покрај Дендонкер, нов член на Хајдук е и Карлос Мартин, 24-годишниот напаѓач кој пристигна на „Пољуд“ од редовите на Атлетико Мадрид. Шпанскиот прволигаш ја имаше договорено позајмицата на Мартин во Алмерија, трансферот не беше комплетиран до крајот на преодниот рок во Шпанија, па Хајдук ја искористи ситуацијата, експресно ги договори деталите и го доведе шпанскиот голгетер на едногодишна позајмица.

Се вчитува...