Претседателот на Хајдук, Јасмин Хуљај информираше дека клубот не ги прифатил оставките на тренерот Жељко Копиќ и спортскиот директор Саша Бјелановиќ по катастрофалниот старт на тимот на новата сезона.
Хајдук западна во длабока криза по очајните резултати, заокружени и со вчерашниот пораз од 0-2 во шампионатот од Горица. Но, од клубот истакнаа дека останува довербата за тренерот и спортскиот директор.
„Бјелановиќ и Копиќ синоќа по поразот ги понудија своите оставки. Како претседател тоа не го прифатив. Останува довербата и за двајцата за кои веруваме дека имаат и знаење и енергија да ја поправат актуелната ситуација“ – соопшти Хуљај.
Но, сериозно тлее незадоволството и меѓу најжестоките навивачи на Хајдук. Тие веќе испратија и отворени закани за физичка пресметка со фудбалерите на тимот. Од клубот најавија наредниве денови средба и со навивачите за да се смири целата ситуација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА