Хајдук има сериозна желба: Носи големо тренерско име од Португалија

Сплитски Хајдук влезе во 20-тата сезона без титула во Хрватска. Се правеа промени во раководството, на клупата, но никој не успеа да најде формула и рецепт да го симне Динамо од тронот, односно да го донесе пехарот во Сплит.

Сега тимот на „белите“ бара нов тренер, и сигурно е дека идната сезона ќе има нов кормилар. Хрватските медиуми пишуваат дека сигурно ќе биде странец на клупата, а „Индекс“ шпекулира со добро познато име од Португалија.

Станува збор за Пауло сосуса, тренерот кој ги водеше Салернитана, Фиорентина, Фламенго, Бордо, Базел, Свосни, Лесте, Видеотон, Тианџин. Беше кратко и селектор на Полска, а без ангажман е од 20-23 година. Она што е проблематично е тоа што никаде не се задржал подолго од две сезони.

Дали новиот тренер конечно ќе го прекине постот и ќе донесе титула за Хајдук? Навивачите се веќе скептични, затоа што секоја година е истата приказна. Прво се става тренер, се прави голема врева, а потоа доаѓа до смени, дпа серија на лоши резултати и титулата „бега“ кон Загреб и кон Ријека.

Се вчитува...