Хајдук ја продолжи агонијата на Мрме во Хрватска (ВИДЕО)

Игор Ангеловски повторно не успеа да стигне до победа во хрватскиот фудбалски шампионат, откако по неговото доаѓање екипата на Горица освои само еден бод.

Денеска очекувано Горица загуби на гостувањето кај Хајдук со 3-1. Домаќините уште во 2. минута стигна до водство од 1-0 со голот на Ливаја. Во 9. минута веќе беше 1-1 откако Франсоа стрелаше за гостите.

Сепак, избраниците на популарниот Мрме успеаја да издржат до 59. минута кога Ливаја со својот втор гол овојпат од пенал ги донесе домаќините до водство од 2-1. Конечните 3-1 ги постави Авазием во 72. минута.

Македонецот во Хајдук, Јани Атанасов влезе во игра во 83. минута.

 

Се вчитува...