Хајдук му го „краде“ Тодороски на Вардар?

Хрватскиот клуб Хајдук Сплит е заинтересиран за младиот фудбалер на Вардар, Тодор Тодороски. Тој има 19 години и завидно прволигашко искуство, а во Вардар финансиите се главен проблем, па раководството на Хајдук сака тоа да го искористи.

Како што откриваат хрватските медиуми, контактите се веќе остварени, а сплиќани се надеваат дека за отштета од 30.000 евра ќе успеат да го доведат младинскиот репрезентативец на Македонија на „Пољуд“. Тодороски успеа да добие многу поголема шанса откако ерменскиот интернационалец Хофханес Хамбарџумјан го напушти Вардар.

Оваа сезона член на Хајдук Сплит е поранешниот македонски репрезентативец Мирко Ивановски.

Се вчитува...