Хајдук му врачи отказ на Густафсон: Атанасов ќе добие нов тренер

Хајдук Сплит донесе одлука да ја прекине досегашната соработка со тренерот Јенс Густафсон откако веќе некое време не се задоволни од остварените резултати, па така и македонскиот фудбалер Јани Атанасов наскоро ќе добие нов стратег во хрватскиот клуб.

Густафсон пристигна во Сплит во мај и го водеше тимот на 17 натпревари, но немаше најдобри резултати, односно запиша само девет победи, три ремија и пет порази.

„Сакам да им се заблагодарам на претседателот и спортскиот директор за довербата. Благодарен сум за времето кое го минав во Хајдук. Посебна благодарност за нашите навивачи кои секогаш ни беа поддршка. На Хајдук му посакувам сѐ најдобро во иднина. Ова е одличен клуб и сигурен сум дека ќе бидат сѐ подобри“, кажа Густафсон и го прифати отказот.

За потсетување, Хајдук ја освои последната титула во далечната 2005 година, а од тогаш се променија дури 24 различни тренери во Сплит, но ниту еден не успеа да го врати клубот на врвот.

Се вчитува...