Хајдук носи тренер кој годинава водеше тим во Серија А

Не е тајна дека Хајдук е во потрага по нов тренер. Откако Мислав Кароглан доби отказ поради лошите резултати кои кулминираа со испаѓање од трката за шампионската титула и Купот на Хрватска, тренерската функција ја презеде Јуре Иванковиќ, но во сплитскиот клуб е јасно дека тој е само привремено решение до крајот на сезоната.

Како нови потенцијални тренери се споменуваат многу имињаМатјаж Кек и Валдас Дамбраускас се само некои од нив, а италијанските медиуми тврдат дека има уште еден неочекуван кандидат за тренерската клупа на „Пољуд“.

Станува збор за Габриеле Кофи, 48-годишниот стручњак од Фиренца кој сезонава раководеше со италијанскиот прволигаш Удинезе. Тој го преземе Удинезе во октомври минатата година, а доби отказ по поразот во претходното коло од Верона. Тој во 2022 година го замени Игор Тудор на клупата на Верона, а покрај во Удинезе беше и помошник тренер во Бирмингем.

Се вчитува...