Хаjко Херлих нов тренер на Баер Леверкузен

Поранешниот фудбалер на Баер Леверкузен, Борусија Менхенгладбах и Борусија Дортмунд, Хаjко Херлих, ќе биде новиот предводник на „аптекарите“. Херлих конечно ќе добие шанса да води тим во Бундес-лигата, откако претходно среќата ја бараше во втората по ранг германска лига.

„Кога разговараме со Хајко, воочивме дека гори од желба да се докаже во најсилното германско првенство. Тој сака да игра фудбал што ќе биде убав за око, а при тоа да носи позитивни резултати. Тоа е главната причина за шансата која му овозможивме“ – истакна спортскиот директор на Баер Леверкузен, Руди Фелер.

За германската фудбалска јавност и не е толку познат, Херлих во главно работел со младинските тимови на Борусија Дортмунд и Баерн Минхен, како и репрезентацијата на Германија до 17 години. Во Втората Бундес-лига ги предводеше сениорските тимови на Бохум, Унтерахинг и Регензбург.

Се вчитува...