Хајнс е херојот на Милано, Олимпијакос го освои Минхен

Кајл Хајнс е најзаслужниот што Олимпија Милано славеше на гостувањето против Панатинаикос, со минимални 75-76 за шеснаесетта победа на италијанскиот тим во Евролигата.

Дуелот беше максимално интересен, Олимпија прокоцка водство од  12 поени откако Недовиќ на 25 секунди до крајот реализираше за израмнување. Милано го промаши последниот шут, но Хајнс фати офанзивен скок, потоа беше фаулиран и од линијата за слободни фрлања ја донесе победата. Дилејни со 15 и Хајнс со 13 поени беа најефикасни во таборот на победничкиот тим, додека Немања Недовиќ со 19 поени беше прв стрелец на Панатинаикос.

Олимпијакос на гостински терен го совлада Баерн Минхен со 88-98. Шутот од далечина беше силно оружје на грчкиот гигант на оваа средба, Дорси погоди четири тројки без промашување, а Ларенцакис биеше 3/3 од истата позиција. Дорси со 25 поени беше најефикасен кај Олимпијакос, 17 реализираше Везенков, додека прв стрелец на Баерн Минхен беше Рубит со 18 поени.

Се вчитува...