Хакери го „олеснија“ Лацио за 2 милиони евра

Група хакери успеаја да го измамат раководството на италијанскиот клуб Лацио и да им извлечат голема сума пари од трансферот на Стефан де Врај од 2014 година.

Имено, од Лацио требало на холандскиот Феенорд да му исплатат уште два милиони за трансферот на Де Врај. Хакерите знаеле за таа информација и со измама од сметката на римскиот клуб добиле два милиони евра.

Хакерите успешно ги копирале податоците на холандскиот тим. Сето тоа изгледало многу убедливо во мејлот што го испратиле, па раководството на Лацио на доставената сметка улатило два милиони евра.

Подоцна е утврдено дека сето тоа било измама. На сметката на холандскиот тим не пристигнале никакви пари, па сега Лацио ќе мора да издвои дополнителни два милиони евра кои треба да ги уплати на екипата од Ротердам.

Холандското обвинителство покренало истрага за случајот и успеале да дојдат до одредени информации, но засега се уште не се лоцирани лицата што ја извршиле измамата.

А, да биде загубата за Лацио уште поголема, Де Врај летово ќе го напушти римскиот клуб како слободен играч.

Се вчитува...