Хакими: Дојдов во Интер поради страста на Конте

Новото засилување на Интер, Ашраф Хакими вели дека големата страст на тренерот Антонио Конте е главната причината за неговото доаѓање на „Џузепе Меаца“. Во јули Хакими стигна во Милано од Реал Мадрид за сума од 40 милиони евра.

„Го избрав Интер бидејќи мислам дека начинот на игра на Конте е посебно добар за фудбалер како мене. Цел ни е скудетото. Конте е голем тренер со неверојатно изразен натпреварувачки дух. Поседува неверојатна страст кон фудбалот која ја пренесува на фудбалерите, на навивачите, буквално на сите“, изјави Хакими. 

Хакими минатите две години ги помина на позајмица во Борусија Дортмунд каде беше еден од најдобрите фудбалери.

Се вчитува...