Хакими со отворена закана до „кралевите“: Реал немаше доверба во мене, ќе сторам се за да ги елиминираме во ЛШ

Париз Сен Жермен и Реал Мадрид вечерва ќе вкрстат во ракми на осминафиналето од Лигата на шампионите, а само подобриот ќе се пласира во следната фаза. Двата тима се свесни дека мора да бидат совршени во двата меча, доколку сакаат да ја продолжат „мисијата“ за чекирање во големото финале.

Непосредно пред првиот меч, засилувањето кое ПСЖ го донесе минатото лето, Ашраф Хакими, откри дека Реал немал голема верба во него, па решиле да го продадат.

„Се прашувам зошто Реал не веруваше во мене додека бев нивни играч. Имаа шанса да ме вратат назад, по сезоната во Интер, но не го сторија тоа. Сега сум среќен што сум дел од ПСЖ, овде ми едобро, а се уште не ми е јасно зошто Реал не се обиде да ме заддржи. Ќе сторам се’ што е во моја моќ, сакам да го елиминираме Реал Мадрид“, порача Хакими.

Првиот меч се игра вечерва во Париз, додека реваншот е закажан за 9 март во Мадрид.

Се вчитува...