Халанд: Бев на проба во Копенхаген, не ме сакаа… штета за нив

Манчестер Сити има одлични 3-1 од првиот меч во Дaнска против ФЦ Копенхаген, па „граѓаните“ се апсолутни фаворити за пласман во четвртфиналето од Лигата на Шампионите.

За Ерлинг Халанд тоа ќе биде можност уште повеќе да го зголеми бројот на постигнати погодоци во елитното европско натпреварување, но и да му се одмазди на данскиот клуб за случката од пред осум години. Имено, Халанд на денешната прес-конференција обелодени дека во 2016 бил на проба во тимот на Копенхаген, но челниците на овој клуб решиле да не потпишат договор со 16-годишниот голгетер.

„Точно е, бев во Копенхаген на проба во 2016 година. Можам да кажам дека клубот е добар, јас искрено бев заинтересиран. Не се случи, не ме сакаа и покрај мојата желба. Се уште го имам нивниот дрес со бројот девет што го носев тие неколку дена. Штета за нив, јас не се лутам ни најмалку, судбината ме однесе во друг правец и од сегашна перспектива секако дека сум среќен“, изјави Халанд.

Се вчитува...