Халанд блесна и како асистент, Лајпциг е лидер во Бундес-лигата

Домашните екипи немаа свој ден на петте денешни средби од Бундес-лигата, постигнувајќи само еден гол и освојувајќи еден бод, оној на Фрајбург од ремито против Вердер од 1-1.

Борусија Дортмунд во израмнет натпревар успеа да слави на гостувањето против Хофенхајм со 0-1, со погодокот што го постигна Марко Ројс на додавање на Халанд. Норвешкиот ас влезе во игра на средината од вториот дел заедно со Ројс, па во ситуација кога можеше и самиот да заврши Халанд се реши за несебична асистенција, по која капитенот на „милионерите“ немаше тешка задача да ја смести топката во мрежата.

Лајпциг е лидер на табелата со 10 освоени бода по првите четири кола, откако полуфиналистот од Лигата на Шампионите попладнево триумфираше со 0-2 на гостувањето против Аугсбург. Левиот бек Анџелињо го скрши отпорот на домаќините пред самиот крај на првото полувреме, а конечните 0-2 ги постави Поулсен во 67. минута.

Резултати Германија:

Аугсбург – Лајпциг 0-2, Мајнц – Баер Л. 0-1, Хофенхајм – Борусија Д. 0-1, Херта – Штутгарт 0-2, Фрајбург – Вердер 1-1.

Се вчитува...