Халанд даде гол и на „Енфилд“, му недостига само уште еден стадион во „колекцијата“

Ерлинг Халанд со гол од пенал во судиското продолжение му донесе огромна победа на Манчестер Сити во Ливерпул, со која „граѓаните“ останаа во трката за шампионската титула.

Норвежанецот конечно успеа и да постигне погодок на „Енфилд роуд“, еден од ретките стадиони на кои големиот ас имаше гостувано во Англија, но не успеваше до викендов да се запише во листата на стрелците.

Педантните англиски статистичари обелоденија дека по голот на „Енфилд“, сега постои само уште еден англиски стадион на кој Халанд играл во Премиер-лигата, а не успеал да се запише меѓу стрелците. Станува збор за „Стадионот на светлината“ на Сандерленд на кој Сити сезонава веќе гостуваше и мечот заврши 0-0.

Кога станува збор за гостувањата, Халанд најмногу голови му има дадено на Вест Хем (шест, по што следи Кристал Палас со пет.

Се вчитува...