Халанд е лут: Фудбал без публика е ср.ње!

Младиот офанзивец на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд е незадоволен по елиминацијата во Лигата на шампионите. „Милионерите“ загубија од ПСЖ на празен „Парк на принцевите“ поради коронавирусот.

„Ми недостасуваа навивачите на Дортмунд. Беше чудно да се игра“ – истакна Халанд веднаш осврнувајќи се на дербито со Шалке кој Дортмунд го игра за само два дена.

„Тоа е ср.ње. Едноставно ни требаат навивачите. Фудбалот без нив не го бива“.

Под знак прашање е дали натпреварот воопшто ќе биде игран. Серија А ги откажа натпреварите до 3. април, а Ла Лига на неодредено.

Се вчитува...