Халанд е машина за голови, блесна и против Шалке (видео)

Борусија Дортмунд ја оправда фаворитската улога на дуелот против Шалке, триумфирајќи со 3-0 на рурското дерби и задржувајќи го чекорот со водечките екипи во Бундес-лигата.

Гостите од Гелзенкирхен во првото полувреме одолеваа на налетите на „милионерите“, но квалитетот на домашниот тим пресуди за во вториот дел да бидат скршен отпорот на Шалке. Дефанзивецот Аканжи го отвори резултатот откако натрча на една одбиена топка, а вториот погодок беше дело на Ерлинг Халанд. Норвешкиот суперталент повторно блесна, одлично прифати топка на средината од теренот, па проигра со Санчо, на чија асистенција Халанд во манир на голем стрелец го лобуваше гостинскиот голман за осигурување на новиот триумф на „милионерите“.

Конечнит 3-0 во 78. минута ги постави Хумелс, со прецизен удар со глава по корнер од десната страна.

Се вчитува...