Халанд е „монструм“ – шест гола за четири дена (видео)

Наградата „Златно момче“ за 2020 година што му беше врачена во саботата само дополнително го мотивираше Ерлинг Халанд да продолжи да ги тероризира противничките голмани. Најдобар доказ за тоа е неговото одлично издание против Бриж, што надополнето со саботниот меч со Херта дава неверојатни бројки, шест погодоци за четири дена.

Норвежанецот беше најзаслужен за вечерашниот триумф на „милионерите“, најпрвин одлично се снајде и го отвори резултатот, а во второто полувреме стави печат на победата користејќи еден подарок од противничките дефанзивци.

Се вчитува...