Халанд ги одби Јунајтед и Борусија Дортмунд, потпишува за Јувентус

Голгетерското чудо од дете, 19-годишниот Ерлинг Халанд одби 30 милиони евра тешка понуда на Манчестер јунајтед, Борусија Дортмунд и Лајпциг кои неговиот клуб ги прифати, и се одлучи за онаа на Јувентус кој исто така го дава износот кој ја покрива отштетната клаузула.

Италијанските медиуми откриваат дека Халанд и неговиот агент, Мино Раило веќе ги договориле условите со Јувентус, па младиот офанзивец од зимскиот преоден рок треба да се пресели од редовите на австрискиот шампион во шампионот на Италија.

Халанд во Јувентус треба да заработува 7,5 милиони евра годишно. Во првиот дел од сезоната Халанд постигна 22 гола, од кои осум во групната фаза во Лигата на шампионите.

Се вчитува...