Халанд го избрал Јувентус пред Манчестер Јунајтед?

Ерлинг Халанд ќе ја продолжи кариерата во дресот на Јувентус, откако норвешкиот голгетер го избрал италијанскиот гигант пред Манчестер Јунајтед како идеален клуб за своја следна дестинација. Весникот „Тутоспорт“, кој вообичаено важи за близок до управата на Јувентус, тврди дека работата е завршена откако италијанскиот првак успеа да го убеди Халанд да ја прифати токму понудата на „црно-белите“ од Торино.

„Црвените ѓаволи“ се надеваа дека ќе го доведат суперталентираниот напаѓач кој сезонава веќе постигна 28 погодоци на 22 средби, Халанд имаше и средба со Оле Гунар Солскјер, но на крајот сепак пресуди амбициозноста и моментниот квалитет на „старата дама“, заедно со желбата Норвежанецот да освојува трофеи. Тој добил понуда од 3,5 милиони евра по сезона, плус богати бонуси, сума што беше доволна за Халанд да го прифати предизвикот наречен Јувентус.

Италијанскиот шампион ќе му понуди на Салцбург 30 милиони евра, како и опција Халанд да остане во Австрија до крајот на сезонава, па потоа во јули и официјално да му се приклучи на тимот на Маурицио Сари.

Се вчитува...