Халанд го откри својот идол – Беше висок, левучар и страшно прецизен

Младиот норвешки фудбалер Ерлинг Халанд е вистински хит во Европа. Чудесниот 19-годишник беше прво име на мечот меѓу Борусија Дортмунд и Пари Сен Жермен кој „милионерите“ го добија со неговите два гола.

Претходно, Халанд говореше дека фудбалери на кои се угледува се Златан Ибрахимовиќ и Кристијано Роналдо, но тој сега спомена уште едно име кое ги изненади сите.

„Мој идол беше Мичу. Сакав да го гледам кога играше во Свонси. Беше левучар како и јас, висок и совршено прецизен пред голот“, изјави Халанд. 

Шпанскиот напаѓач играше за Овиедо, Селта Виго, Рајо Валјекано, Наполи, Лангеро, а најголемата слава ја достигна во Свонси во кој во сезоната 2012/2013 постигна 22 гола во Премиер-лигата.

Се вчитува...