Халанд: Идоли ми беа Роналдо и Ибрахимовиќ

Норвешкото голгетерско чудо Ерлинг Халанд одушеви со игрите во Борусија Дортмунд и е желба на најголемите европски клубови. Реал Мадрид, Манчестер Сити, Јувентус, ПСЖ планираат да го купат претстојното лето, а тој ги откри фудбалерите кои имале најголемо влијание на неговиот развој. Идоли на Норвежанецот се Кристијано Роналдо и Златан Ибрахимовиќ.

„Уште од најмала возраст моја цел беше единствено да постигнам гол и тоа знам да го правам навистина добро. Имам голема самодоверба, а можеби за тоа се ’заслужни’ и моите идоли Кристијано Роналдо и Златан Ибрахимовиќ. Тие на теренот секогаш се неверојатно самоуверени“, изјави Халанд.

Реал Мадрид покажува најголема заинтересираност во моментот за да го купи Ерлинг Халанд, но Борусија Дортмунд има клаузула според која тој би требало да го носи дресот на „милионерите“ најмалку до 2021 година.

Се вчитува...