Халанд има повеќе голови од цел Манчестер Јунајтед, а играше само 59 минути во 2020 година

Ерлинг Халанд продолжи со извонредните настапи на почетокот од авантурата во Борусија Дортмунд, на хет-трикот со Аугсбург надоврзувајќи се со два гола на синоќешниот дуел против Келн. Норвешкиот тинејџер веќе има пет погодоци иако на теренот мина само 59 минути во дресот на „милионерите“ на Дортмунд, покажувајќи дека е фантастична инвестиција на овој клуб.

Манчестер Јунајтед долго преговараше со Халанд, но на крајот ја загуби оваа трка, па затоа уште попоразителен е фактот дека Халанд за 59 минути има постигнато повеќе голови од цел тим на „црвените ѓаволи“ за 360 минути игра во Премиер-лигата во новата година. Избраниците на Солскјер постигнаа само четири погодоци, сите на дуелот со Норвич, губејќи ги останатите три средби во елитното англиско фудбалско друштво.

По ваквиот развој на настаните, јасно е зошто фановите на Манчестер се бесни на директорот Вудворд и неговите промашени трансфер-стратегии.

Се вчитува...