Халанд конечно одговори на провокациите од страна на фудбалерите на ПСЖ

Норвешкото чудо од дете Ерлинг Халанд одговори на провокациите од страна на фудбалерите на Пари Сен Жермен кои по елиминацијата на Борусија Дортмунд во Лигата на шампионите славеа во стил на младиот фудбалер на „милионерите“.

„Нема врска и што ме исмејуваа, тие ми помогнаа. Фотографиите го обиколија целиот свет. Јас обожавам да медитирам и сметам дека медитацијата е важна за луѓето. Иако тоа не им беше намера, тие ме промовираа. Затоа сум им многу благодарен“, изјави Халанд. 

Неверојатниот Халанд сезонава во дресовите на Салбург и Борусија Дортмунд постигна неверојатни 40 гола на 33 одиграни натпревари.

Се вчитува...