Халанд: Мбапе и Кејн ми се најголеми ривали

Ерлинг Халанд и оваа сезона ги тресе противничките мрежи продолжувајќи со импресивната форма. Голгетерот го преводеше Манчестер Сити до нов триумф во Премиерлигата забележувајќи го единствениот гол на натпреварот против Бренфорд кој за него е деветти во сезоната.

И покрај тоа што игра импресивно, Халанд откри дека има дополнителен „натпревар“ со Мбапе и Кејн за наградата „Златна копачка“.

„Морам да се трудам да одржувам чекор. Никогаш не сум се чувствувал подобро од сега. Се е до подготовката за натпреварите. Мораш да бидеш и физички и психички подготвен. Сега кога имам дете ми е уште полесно бидејќи се исклучувам од се. Не мислам на фудбал воопшто. Кога си млад мислиш за ова, за тоа, се грижиш за непотребни работи. Сега сум повеќе релаксиран кога сум дома. Морам да му се заблагодарам на син ми“, изјави Халанд.

Се вчитува...