Халанд: Моја работа е да дадам голови, трансферот ќе си дојде…

Норвешкото голгетерско чудо Ерлинг Халанд со Борусија Дортмунд се подготвува за продолжение на Бундес-лигата и не размислува за можниот трансфер во Реал Мадрид претстојното лето. Тренерот на „кралевите“, Зинедин Зидан, го стави на приоритетната листа на желби за нови засилувања токму напаѓачот на „милионерите“.

„Среќни сме што повторно тренираме и размислуваме за фудбал. Сега сме фокусирани на продолжението од шампионатот и верувам дека Борусија Дортмунд може да мине прва низ целта. Трансфер? Мојата работа е да давам голови, сето останато доаѓа токму ако ги тресам мрежите. Поласкан сум од интересот на Реал Мадрид, но за тоа ќе размислуваме дури откако ќе заврши сезоната“, изјави Ерлинг Халанд.

Борусија Дортмунд заостанува четири бода зад Баерн Минхен во трката за шампионската титула во Бундес-лигата.

Се вчитува...