Ерлинг Браут Халанд одлучи каде ќе ја продолжи кариерата. Тој е пред потпис со бундеслигашот Борусија Дортмунд, пренесува германскиот „Билд“. Младиот Норвежанец игра фантастична сезона во дресот на Ред Бул Салцбург. Тој на 22 натпревари постигна неверојатни 28 гола, а забележа и седум асистенции.
Норвешкиот напаѓач има актуелен договор со клубот од Салцбург до 2023 година, а неговата откупна клаузула е само 20 милиони евра, што е ситница за било кој од европските гиганти. Покрај, Борусија Дортмунд заинтересирани за неговите услуги се и премиерлигашот Манчестер Јунајтед, како и германскиот Баерн Минхен кој во своите редови бара достојна замена за Роберт Левандовски. Во игра за потписот на Халанд е и Ред Бул Лајпциг, клуб кој има ист сопственик како и неговиот сегашен тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА