Халанд по хет-трикот: Мислам дека беше добро, што мислите вие…

Ерлинг Халанд цел живот ќе го памети денешниот ден, по неверојатното деби во дресот на Борусија Дортмунд. Младиот Норвежанец влезе во игра во второто полувреме при негатива на неговиот тим од 3-1, но за дваесетина минути постигна хет-трик и донесе пресврт и победа од 3-5.

Три удари, сите во рамките од голот и сите во мрежата на Аугсбург, но Халанд останува скромен.

„Денеска беше добар ден, многу сум среќен. Не чувствував притисок, бев релаксиран и се случи тоа што се случи. Беше многу, многу убаво. Мислам дека беше добро, што мислите вие“, им се обрати голгетерот на „милионерите“ на новинарите.

Се вчитува...