Халанд повторно херој, Борусија останува во игра за титулата (ВИДЕО)

Ерлинг Халанд е повторно херојот на Борусија Дортмунд откако во последните моменти од мечот донесе злато вредна победа на гостувањето кај Фортуна Дизелдорф од 0-1.

Иако „милионерите“ одиграа натпревар под нивните очекувања и единствената вистинска шанса ја имаа во 65. минута кога по ВАР поради играње со рака беше поништен голот на Рафаел Гереро, сепак неверојатниот Норвежанец уште еднаш покажа дека е еден од најдобрите и успеа во 95. минута да донесе нова победа за тимот од Дортмунд.

Со овој триумф „милионерите“ сега се на 66 бода, односно четири помалку од првопласираниот Баерн кој денеска во дербито на 31. коло, од 18:30 часот, ќе ја пречека Борусија Менхенгладбах.

Во останатите мечеви од денешната понуда, доминација на гостите. Вердер останува во играта за опстанок откако го демолираше Падерборн нагости со 1-5. Од гостите триумф забележаа и Унион Берлин над Келн 1-2, и Ајнтрахт против Херта 1-4. Волфсбург и Фрајбург одиграа без победник (2-2).

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...