Халанд повторно испорачува, „милионерите“ убедливи со Борусија Менхенгладбах

Борусија Дортмунд оствари убедлива победа на стартот од новата сезона во Бундес-лигата. „Милионерите“ славеа со 3-0 на домашен терен против Борусија Менхенгладбах.

Младиот Џовани Рејна во 35.минута го отвори резултатот, а добрата вест за фановите на Борусија Дортмунд е дека Ерлинг Халанд повторно е во голгетерска форма. Тој беше стрелец на два гола, првиот од пенал во 54.минута, а потоа и ја затвори серијата голови во 77.минута.

Се вчитува...